До словачкит премиер Робер Фицо, кој на 15 мај годинава преживеа атентат во кој беше тешко повреден, денеска било испратено писмо со куршум, соопшти денеска неговата прес-служба.



Куршумот бил пронајден откако сомнителниот плик бил земен за последователна рендгенска проверка, јавува словачкиот портал Плус 7 Дни.

Се додава дека писмото пристигнало од непознат испраќач.

Портпаролот на регионалната полиција во Братислава, Михал Зеиф ја потврди веста и додаде дека полицијата истражува.