Мицкоски: Имаме визија за борба против корупцијата

Денеска во Владата имавме средба „Дијалог меѓу Владата и граѓанскиот сектор“, организирана во соработка со IRIglobal, напиша премиерот Христијан Мицкоски.



„Беше споделена визијата за борба против корупцијата и за зајакнување на владеењето на правото. Клучот за успешно справување со корупцијата го гледаме во целосната дигитализација на процесите – од јавните набавки до работењето на администрацијата, што ќе овозможи поефикасно и транспарентно функционирање на нашето општество.

Како Влада цел ни е да направиме се што е во наша моќ да обезбедиме подобри услови за живот, но, и подобар стандард на нашите граѓани, бидејќи тоа е она кое што граѓаните од нас го очекуваат и тоа е она за кое што граѓаните гласаа неколку месеци и на претседателските и на парламентарните избори“, напиша Мицкоски.