Адеми: Македонски националистички кругови, мотивирани од Белград, Будимпешта и од Москва, не сакаат Македонија да биде стабилна

Потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми изјави дека „во Македонија има одредени кругови, кои не сакаат таа да биде стабилна и во меѓуетничка хармонија“, коментирајќи ги последните случувања во врска со балансерот, законот за јазиците и законот за бранители во емисијата „Дневен клик“ на ТВ21.



ТВ 21 пишува: „Овде има кругови, што не сакаат да видат стабилна Македонија со добри и стабилни меѓуетнички односи, кои чекаат погоден и соодветен момент, кога нема албански претставници со политичка тежина, кои ќе се постават наспроти каква било злоупотреба од ваков вид и донесување политички мотивирани одлуки. Овие кругови проценија дека е сега тој момент, бидејќи има Албанци-марионети во извршната власт, зборувам за коалицијата Вреди.“ – посочи потпретседателот на ДУИ Адеми.

Запрашан за кои кругови станува збор, Адеми одговори дека тоа се македонски националистички кругови, мотивирани од Белград, Будимпешта и Москва.

„Одредени македонски националистички кругови ги начекаа соодветниот момент, мотивирани од Белград, Будимпешта, Москва, со силно московско влијание овде. Тие не сакаат Македонија да има стабилност. Не сакаат Македонија да пројави функционална и мултиетничка демократија.“ – посочи Арбер Адеми.