Цели седум месеци, Вилма Трајковска, сопруга на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, била без доживотната пензија од околу 2.000 евра месечно, која ѝ следува, откри Ивица Томовски, директор на службата за општи и заеднички работи, во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21 во понеделникот.
Засега нема одговор на прашањето кој е виновникот за овој административен пропуст.
Се знае само тоа дека новата влада ѝ ги исплатиле пензиите на Трајковска.
По трагичната смрт на Борис Трајковски во 2004 година, неговата сопруга има право на пензија од државата до крајот на животот.
Борис Трајковски вториот претседател на Македонијабеше избран на 15 декември 1999 година, а неговиот мандат заврши на 26 февруари 2004 година, со трагичната смрт во авионската несреќа кај Мостар. Околностите на загинувањето на Трајковски се уште не се целосно расветлени.






