Димитриевски повторно на радарот на Барселона по повредата на Тер Штеген

Македонскиот голман Столе Димитриевски е една од трите опции на Барселона за замена на тешко повредениот капитен Марк Андре тер Штеген, објави шпански „Спорт.ес“.



„Без минутажа е и Столе Димитриевски, во случајов кај Валенсија, откако конечно остана Ѓорѓи Мамардашвили. Македонецот договорно добил уверување дека, доколку дојде до ваква ситуација, може да си замине за прифатлива сума и Барса веќе подолго време го следи. Тој дури и го направи тоа со клубот од Барса во негово време, но последната опција беше онаа на Бразилецот Нето“, пишува вебстраницата специјализирана за спорт.

До преодниот рок во јануари голот на Каталонците ќе го брани резервата на Тер Штеген, Ињаки Пења, а чуварот на мрежата на фудбалската репрезентација на Македонија е варијанта за вториот дел од сезоната, заедно со Алваро Валјес и Гијом Рестес.

Димитриевски дојде во Валенсија како замена за Мамардашвили, кого „лилјаците“ го продадоа на Ливерпул, но Грузиецот ќе остане до крајот на сезоната како зајмен играч на англискиот премиерлигаш.

Валјес остана во Лас Палмас, но натпреварите ги следи од трибините откако не го продолжи договорот, а Рестес е стартер во француски Тулуз и со него Барса размислуваше да потпише минатото лето, ако Пења реши да ја смени средината, при што клубот беше подготвен да издвои 15 милиони евра, плус 5 милиони за бонуси.