Нов дебакл на обвинителката Искра Хаџи Василева која што веќе две години го прогонува лекарот Жан Митрев и која лажела во име на оштетен во процесот.
Во држава со нормално правосудство денеска Советот на Јавни обвинители веќе ќе покренеше истрага за Хаџи Василева.
На денешното рочиште на судењето против д-р Жан Митрев јавниот обвинител самиот себеси си приредил нов дебакл така што при презентирањето на имотноправни побарувања на отсутните оштетени презентирал изјава во која оштетениот во истрагата не предјавил имотно правно побарување. Сепак, во Обвинителниот акт ОЈО навело дека тој е оштетен за 183.000 денари.
,,Со тоа самото обвинителство докажа дека обвинителниот акт е со невистинита содржина затоа што обвинителот како оштетен го навел и тоа што не предјавил оштетно побарување.
Очигледна беше збунетоста на обвинителката која што како да прв пат ја гледаше изјавата на оштетениот дека не бара оштета а таа ја чита како доказ на обвинението во која навела дека е оштетен”, пишува порталот.
Според порталот како и во повеќе прилики претходно обвинителката изјавувала дека ќе се прецизира и корегира.
,,Но за познавачите на правото ова е недопуштен дебакл на обвинителството бидејќи изјавата дека оштетениот не бара оштета ја добила лично во текот на истрагата но и покрај тоа поднела обвинение на одобрување до судот како да тоа лице бара оштета. За апсурдот биде поголем обвинението со таква невистинита содржина е одобрено од Судот и по тоа обвинение се води постапка речиси 2 години”, објави Локално.
Иако според сите правосудни норми откако обвинителката Искра Хаџи Мишева досега мораше да го повлече обвинението поради неостаток на докази таа продолжува да го турка процесот зад кој стојат актуелни политичари од опозицијата кои се обидуваа да станат сопственици на клиниката Жан Митрев.
Во текот на судењето покрај грешките на обвинителката таа покани сведоци на обвинителството кои сведочеа против нејзините тези.
Во текот на судењето соочена со недостаток на аргументи Хаџи Василева неретко се однесуваше агресивно и нахално напаѓајќи ја судијката и одбраната.
Зошто Хаџи Василева продолжува да го ,,тегне” судењето за Жан Митрев иако нема докази а прави огромни непотребни финансиски трошоци е прашање на кое треба да одговори таа лично и Јавното обвинителство.






