Вишото јавно обвинителство Заечар денеска поднесе обвинителен акт против Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ за тешкото убиство на Данка Илиќ (2) што се случи на 26 март годинава, пренесуваат српските медиуми.
„Вишото јавно обвинителство Зајечар на 24.09.2024 година поднесе обвинителен акт против обвинетиот Дејан Драгијевиќ тешко убиство во соизвршителство, а против обвинетиот Радослав Драгијевиќ за сторено кривично дело ‘Непријавување на кривичното дело и сторителот и кривично дело“
„Помагање на сторителот по извршеното кривично дело’
. Со предлог за обвинение ќе се продолжи притворот на обвинетите Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ од страна на Вишиот суд во Заечар“, се наведува во соопштението.
Обвинителството бара доживотен затвор за двајцата обвинети. Се бара и продолжување на притворот.
– Обвинението се заснова на нивните признанија, кои се валидни бидејќи се дадени во присуство на нивните адвокати, иако и двајцата подоцна негираа сѐ. Се заснова на бројни докази што се собирани половина година, почнувајќи од тоа дека тие бил единствени на местото на злосторството, преку вештачења, изјави на сведоци и други докази што се собирани“, велат неофицијални извори од обвинителството.





