Израел го започна најмоќниот бран воздушни напади против иранската милиција Хезболах во Либан во последните децении, при што загинаа стотици луѓе, вклучително и деца.



Либанските власти известија за најмалку 492 загинати, меѓу кои 35 деца и уште 1.645 ранети во нападите,јави Си-Ен-Ен.

Израел објави дека извршил повеќе од 1.300 напади врз цели во Либан, еден од нив на главниот град Бејрут.

Ова е огромна ескалација и најтешката епизода од конфликтот во Либан од војната во 2006 година.