Извадената ограда околу Владата не била чувана соодветно, и дека затоа не е вратена целосно. изјави Ивица Томовски, директор на служба за општи и заеднички работи на гостувањето во „Дејли Клик“ на ТВ21.
„На делот на оградата јас гледам на друг начин, тоа го гледам како државен имот. Незвисно која влада и која гарнитура ја направила, таа ограда е сопственост на државата.
Таа беше чувана во касарната како ограда за старо железо.
Несоодветно била чувана, и ние имаме проблем целосно да ја поставиме, односно нема порти на оградата, затоа што не можеме да ја склопиме.
Не е продадена, но не е целосно во функција“, изјави Томовски.





