Коалицијата ВЛЕН со реакција на обвинувањата на ДУИ за балансерот. Истакнаа дека за балансерот виновни се токму нивните функционери, затоа што актуелното раководството на партијата се обидува да предизвика меѓуетнички тензии и лажно се преставувале како наводен спасител на Албанците.
„Стравот на ова криминализирано раководство на ДУИ од кривичен прогон ги тера да си даваат автоголови. Не постои поголема манипулација од тоа врхушката на ДУИ да го обвинува ВЛЕН за одлуки на Уставен Суд, чиј состав е избран на предлог и со согласност на Али Ахмети. Згора на тоа, иницијативата на Антикорупциска комисија за оспорување на
вработувањата врз основа на Балансерот, односно по етничка припадност, е поднесена во време кога Нури Бајрами, баџанак на Талат Џафери е член на ДКСК. Ниту Артан Груби како тогашен Министер за политички систем и односи со заедниците не сакал да достави аргументи до Антикорупциската комисија за вработувањата на Албанците во администрацијата.
Значи, директен виновник за актуелната состојба со Балансерот се Артан Груби, Талат Џафери и Али Ахмети. Одлуката на овој состав на Уставен Суд оди на совеста на ова криминализирано раководство на ДУИ, кое во обид да се спаси од кривичен прогон за коруптивните зделки на поранешните функционери, очајно се обидува да предизвика меѓуетнички тензии лажно преставувајќи се како наводен спасител на Албанците – велат од ВЛЕН.





