Либанскиот министер за надворешни работи Абдалах Бу Хабиб го обвини Израел дека го извршил нападот со пејџери со експлозив и му порача на Советот за безбедност на ОН: „Никој на овој свет повеќе не е безбеден“.
„Или овој Совет ќе го принуди Израел да ја прекине својата агресија… или ние ќе бидеме неми сведоци на големата експлозија што се наѕира на хоризонтот денес“, рече тој.
„Пред да биде предоцна, мора да сфатите дека оваа експлозија нема да го поштеди ниту истокот ниту западот и ќе не врати во темните времиња“.
Високата претставничка на Обединетите нации ги повика сите земји со влијание врз Израел и либанската милитантна група Хезболах да го искористат сега за да избегнат ескалација на насилството на Блискиот Исток, што таа предупреди дека може да го засени досегашното уништување.
Розмари Ди Карло, поднесе извештај до Советот за безбедност на Обединетите нации по истовремените експлозии на стотици комуникациски уреди на Хезболах во кои загинаа 37 луѓе, а илјадници беа повредени.
Се верува дека нападите ги извршил Израел, кој ниту ја потврди ниту негира вмешаноста.
„Ризикуваме да видиме пожар кој може да ги засени дури и уништувањата и страдањата на кои бевме сведоци досега“, изјави Ди Карло пред 15-члениот совет. „Исто така силно ги охрабрувам земјите-членки кои имаат влијание врз партиите да го искористат тоа сега.
Високиот претставник на ОН за човекови права Волкер Тирк рече дека е „тешко да се замисли“ како нападите оваа недела врз комуникациските уреди на Хезболах ќе бидат усогласени со меѓународното хуманитарно право. Тој повика на независна, темелна и транспарентна истрага и одговорност.
„Да бидам јасен – овој метод на војување можеби е нов и непознат. Но, меѓународното хуманитарно право и човековите права се применуваат без разлика и мора да се почитуваат“, рече Турк пред Советот.
Речиси една година Израел и палестинското милитантно движење Хамас војуваат во опколениот Појас Газа. Во овој период Хезболах истрела ракети кон Израел како поддршка на Палестинците, а десетици илјади луѓе беа евакуирани од своите домови од двете страни на израелско-либанската граница.






