Огромен скандал приредува во јавноста поранешниот дипломат и сегашен политички аналитичар Арсим Зеколи во својата најнова колумна со наслов „Година дена без Албанци“, во која изнесува скандалозна политичка квалификација и тешки навреди кон личното и човечко достоинство на претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, пишувајќи: „Посетата на така наречената претседателка со иредентистички бекграунд, со бесрамно газење на сопствениот Устав, најавено од нејзината канцеларија како ‘посета на Софија’, на крај се сврти во панично префрлање на сопствената непрофесионалност како копиле пред портите на Радев“! Дали изразот „како копиле пред портите на Радев“ Зеколи го поврзува со претседателката на Република Македонија Гордана Сиљаноска-Давкова?! Провокацијата на официјална Софија со неистакнувањето на македонското државно знаме на средбата Сиљановска-Давкова-Радев за Зеколи е „патрдија со софиски знамиња“!
Со својата колумна Зеколи наметнува и други дилеми. Пишувајќи дека „на Мицкоски веќе му е ‘земена мерката’ во НАТО и се чека поволниот момент за ‘кроење на костумот’ во ЕУ“, дали тој му упатува јавна закана на премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски? Дали можеби Зеколи мисли дека и на Мицкоски дека ќе му се случи она, што им се случи и на Никола Груевски и на тогашната македонска влада, кога со „Шарената револуција“ беа насилно урнати од власта?!
Во овој контекст Арсим Зеколи „прогнозира“ дека ќе настане „судир на естаблишментот и Македонците, кој ќе ескалира до критични размери“. „Во тој процес сите имаат време за чекање: и Албанците, и Бугарите, и Грците, и Американците, и Европејците, и естаблишментот пред се. Освен ‘колку сме – толку сме’ Македонците“ – дополнува Зеколи. Со употребениот израз „колку сме – толку сме’ Македонци“ тој си дозволува и дрско исмевање и омаловажување на македонскиот народ врз етничка основа.
Покрај скандалозниот став за „земањето мерка“ и „кроењето костум“ за Мицкоски од страна на меѓународните воено-политички чинители, Зеколи го напаѓа него дека заедно со македонската претседателка Сиљановска-Давкова и шефот на дипломатијата „провоцираат“ и „ја подриваат стабилноста“! „Мицкоски заедно со Сиљановска и Муцунски безумно ја подриваа стабилноста изградена од партнерите и претходниците и сега безочно и кусогледо скокаат од една кризна провокација кон друга.“ – кажува овој колумнист во своето писание.
„Десетици години пред Нивице, грчки соговорник ме убедуваше дека единствената мудра политика на Атина кон Скопје е политиката на смиреност, ладнокрвност, отпорност кон секоја провокација, која на крај ќе се одбие од Солунските бедеми и ќе им се врати по глава на ‘Скопјаните’. Таквата политика подоцна беше преземена и од Тирана, а сега Софија се обидува да постапи по иста мерка, и покрај сите обиди од Скопје да се наметне кавга. … Таков е ефектот на надворешната политика, која бара поводи за кавги и одбива понуди за ‘дипломатски компромиси’, кои Мицкоски однапред одбивно ги најави пред патот (и поразот) во Брисел.“ – пишува Арсим Зеколи во својата колумна, со што најдиректно застанува на страната на Грција и Бугарија и на нивната „добрососедска политика“ против Македонија, комбинирана со притисоци и уцени, поврзано со евроинтегративниот процес.
Целата колумна на Арсим Зеколи тука






