Не е април, а прави првоаприлски шеги – Мицкоски за барањето на Ковачев ВМРО-ДПМНЕ да се исклучи од ЕПП

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип го искоментира барањето на европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев да се исклучи партијата ВМРО-ДПМНЕ од Европската народна партија.



Не е април. Тоа би била добра првоаприлска шега, рече Мицкоски.

Претходно во изјава за БНР Ковачев порача дека ја информирале ЕПП за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе побара да се иницира процедура за исклучување на партијата од членството.