На покана на унгарскиот министер за ЕУ прашања Јанош Бока, денеска македонскиот министер за европски прашања, Орхан Муртезани, престојува во работна посета на Унгарија.
Предвидено е да се разгледаат можностите за унапредување на процесот на пристапување на Македонија во Европската Унија, за време на актуелното претседавање на Унгарија со Советот на ЕУ.
На средбата во Будимпешта ќе се разговара и за билатералната соработка и нејзино продлабочување преку заеднички проекти, како и за планот за раст и реформската агенда и регионалните иницијативи.






