Холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг, со сарказам го коментира барањето од поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов за оставка на македонскиот вицепремиер Алекдсандар Николоски.
„Ултракорумпираниот поранешен премиер на Бугарија, Борисов, кој не може да ја поднесе идејата за еднаквост/реципроцитет на Македонија и Бугарија (и успеа да се договори со исто толку корумпираниот поранешен премиер на Македонија, Заев) бара оставка од заменикот-премиер на Македонија по прекршувањето на протоколот од Бугарија и предлага да нема макњдонско-бугарски средби до стапување на сила на оставката“, напиша Ван ден Берг на Твитер.






