Трајков: Секое македонско ќоше мириса на Македонија од Библијата, на земјата со големо културно и историско наследство, што ја сакам!

„Секое македонско ќоше мириса на Македонија од Библијата! Tоа е факт, што го гледаме на терен, но истовремено, истражувајќи и копајќи по минатото на овие простори, гледаме дека не за напразно спомената Македонија во Библијата во 21 стих!“ – нагласи заменик-министерката за европски прашања доц. д-р Викторија Трајков во својата реч на конференцијата, посветена на „Европските денови на културното наследство“, која се организира по повод 70 години од прифакањето на Европската конвенција за култура. Ова го објави ТВ Алфа. Инаку, доц.д-р Викторија Трајков е доктор на економски науки, кариерен дипломат во Министерството за надворешни работи на Република Македонија и професор на Универзитетот Скопје.



Викторија Трајков дополни: „Се радувам што имам денес можност на ваков настан да зборувам за Македонија, што ја сакам, за Македонија, која ја претставувам во Европа, за Македонија, која ја истражував во мојот докторат, за Македонија, земја со големо културно и историско наследство.“

На конференцијата поздравно обраќање имаа министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, раководителот за соработка од Делегацијата на ЕУ во Скопје Штефан Худолин, како и Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културно наследство на Македонија.

На конференцијата обраќања на различни теми, поврзани со културното наследство, имаа и Мигел Џон Верслус, академик и професор на Лиден Универзитетот од Холандија, проф. д-р Аце Миленковски, ректор на Универзитетот Скопје, амбасадорот Љубен Тевдоски, Сулејман Рушити, поранешен министер за образование и наука, проф. д-р Владимир Михајловиќ од Филозофскиот факултет од Белград, проф. д-р Митко Панов, директор на Институтот за национална историја, проф. д-р Илија Руменов од Правниот факултет „Јустинијан Први“,  амбасадорот Јордан Плевнеш, Борче Топуковски, директор на Музејот на Македонија, како и други познати и признати имиња во областа на образованието, историјата и истражувањето на културното наследство од Европа и Западниот Балкан.