Фетаи до ексфункционерите на ДУИ: Земете адвокати да ве бранат во судењата за злоупотреби и корупција, заборавете ја владата!

„Вицепремиерот за политики и добро владеење Арбен Фетаи им порача на поранешните функционери на ДУИ да не стојат зад вратата на Владата, туку да ангажираат адвокати, за да се бранат во судовите.“објави весникот на албански јазик „Лајм“.



„Лајм“ за пренесува изјавата, што ја даде Фетаи во овој контекст: „ДУИ има многу тешкотии да прифати дека е веќе во опозиција и сега секојдневно се соочува со нови докази за нивните злоупотреби. Коалицијата Вреди почна да ѝ ги открива на јавноста коруптивните афери на „Европскиот фронт“, на ДУИ, и ќе продолжи да го прави тоа. Наместо сè уште да се обидуваат по секоја цена да влезат во Владата, треба да размислат за нивната одбрана. Подобро е да ангажираат добри тимови на адвокати и да ја подготват својата одбрана во судовите, одошто да се трудат да направат нешто, што не е можно.“