„Продолжува кампањата против албанските бизниси во земјава. Скопје се полни со противалбански памфлети.“ – објави ТВ Клан Македонија. Во изјава за оваа телевизија Стопанската комора на * Македонија „остро ја осуди оваа кампања“, велејќи дека е „крајно вознемирувачка.“
ТВ Клан Македонија пишува: „Кој ја дестабилизира земјата: предупредувањата на премиерот Христијан Мицкоски дека во октомври ќе има дестабилизација, или многуте плакати залепени на столбови, во кои се пишува со јазик на омраза против албанските бизниси? Плакати со текст ‘Кипер = УЧК’ – ‘Не купувајте од терористи’ денес, на 17 септември 2024 година, беа поставени во населбата Кисела Вода, но во текот на истиов ден повеќе ги немаше. Кампањата против албанските компании започна на општествената мрежа икс (поранешен твитер), каде што покрај повиците да се бојкотираат албанските компании, се употребува и говор на омраза и се навредуваат Албанците.“
„Во изјава за ТВ Клан Македонија Стопанската комора на * Македонија остро ја осуди оваа кампања. Менди Ќира, претседател на оваа стопанска комора, изјави дека оваа појава е многу загрижувачка, со оглед на тоа што албанските компании во земјава работат чесно и оти од придонесите, што ги плаќаат, имаат корист сите граѓани на државата без разлика на нивната етничка припадност. ‘Стопанската комора на * Македонија остро ги осудува ваквите појави од секаков вид. А особено појавите, што се однесуваат на компаниите, кои работат чесно и извршуваат даночни обврски кон државата, а од тие даноци корист има и тој, што прави ваква глупост. Таквите големи компании плаќаат големи придонеси, од кои корист имаат и Албанците и Македонците. Затоа, не само што го осудуваме случајот, туку и бараме надлежните да преземат мерки ваквите случаи да не се повторат. Им порачуваме на злонамерниците да стојат настрана од слободната пазарна економија.’ – изјави Менди Ќира, претседател на Стопанската комора на * Македонија.“
„Не престануваат кампањите на разни групи, кои ги навредуваат Албанците, како на пример со вадење на таблите со натписи на албански јазик, како и со плакати со јазик на омраза. Кипер Маркет најавија соопштение, со кое можат да одговорат во следните денови на споменатата појава.“






