На 16.09.2024 во 15.40 часот во ОВР Кичево е пријавено оштетување со спреј во боја на 11 сообраќајни знаци кои се поставени покрај коловозната лента од улицата „Магистрален пат“ до „Битолска крстосница“ во близина на кичевското село Другово, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Според членот 190 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата „на сообраќајниот знак и на столбот на кој е поставен знакот, забрането е да се става си што не е во врска со значењето на сообраќајниот знак и забрането е неовластено поставување, преместување, отстранување и оштетување на сообраќајните знаци и на опремата на патот или измена на значењето на сообраќајните знаци“, стои во соопштението од СВР Охрид.
ОВР Кичево презема мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извори во Кичево блиски на ВЛЕН тврдат дека чкртањето на сообраќајни знаци е дело на активисти на ДУИ кои што сакаат да ја кренат тензијата и да ги влошат меѓуетничките односи.
ДУИ претходно најави дека од Септември ќе започне со политички активности насочени против владата кои што ќе бидат во рамки на законите.






