Министерството за спорт озбезбеди пари за реконструкција на спортската сала при УКИМ

Денеска во ректоратот на УКИМ бил одржан состанок со рекоторката на Универзитетот, проф.д-р Биљана Ангелова, проректорите и универзитетски професори, на кој се утврди заеднички акционен план за реализација на проектот за реконструкција на спортската сала „Св. Кирил и Методиј“.



Како што информираше министерот за спорт Борко Ристовски, Министерството обезбедило средства во буџетот за реконструкција на салата која е од особено значење за спортот бидејќи во неа се изведува настава за над 1.500 студенти на УКИМ.

-Иако оваа сала не е наша надлежност и владение, во интерес на непреченото одржување на наставата, тренинзите и другите спортски активности на УКИМ, Министерството за спорт ќе се заложи во најкраток можен рок оваа сала да биде ставена во функција за бенефит да имаат спортот и сите студенти на УКИМ, напиша Ристовски.