Јовановски: Се радувам што македонската опера го збрца македонското знаме среде Софија

Легендарниот македонски актер Владо Јаневски со свој коментар за посетата на македонската опера која завчера во Софија ја изведе операта Набуко која ја следеше и претседателката Гордана Силјановска Давкова во знак на поддршка на македонските уметници.



Јовановски иронично и реторички прашува дали чумата во Бугарија, како што јавија бугарските медиуми, се појавила пред или после неистакнувањето на македонското знаме од страна на кабинетот на претседателот Радев.

,,Некаде прочитав дека во Бугарија се појавила чума после повеќе од сто години. Не знам дали е точна информацијата. Но ако е вистина, ме интересира дали чумата се појавила пред истакнувањето на двете бугарски знамиња или после скандалот?
Овој низок обид за негирање и понижување на Македонија од страна на официјална Бугарија, не е само срам за Радев и за неговиот кабинет, туку е неподнослива мизерија на нивниот “дух”, кој понатаму прашува:

Како бе со вакви да градиш пријателски и добрососедски односи?

,,Кога заради нивните фрустрации и криза на нивниот идентитет те негираат во корен.
На некого можеби му е мака што не е Македонец, ама што да се прави. Тоа е состојба на духот и треба да се заслужи.

Затоа се радувам што македонската опера и балет, им го збрца знамето во центарот на Софија! Градот со нај многу Македонци во светот.
Честитки за МОБ!

Се разбира дека не е лесно да се пее и да се свири кога во публика седат во нај голем број Македонци. Луѓе со генетски всадено чувство за музика. Народ со космички фолклор.

Браво наши, така се сака татковината!
Така се бранат боите на знамето”, пишува Јовановски.

Поврзана вест

Очекуван напад врз Сиљановска додека МВР апси луѓе блиски на Филипче и Заев

Студен туш за СДСМ и нивните медиумски мегафони од Софија (ФОТО)