Навечер како вагабонди-скитници излегуваат и поставуваат табли со разни натписи, а потоа патриотите на командантот ‘плачат’, загрижени за албанскиот јазик, кој самите го покриваат. Двојката ДУИ-СДСМ заедно со своите сателити се обидуваат да направат етнички поделби меѓу граѓаните, за да го свртат вниманието од криминалот и корупцијата кои секојдневно им излегуваат на виделина. Но, нивното време заврши!“ – ова е пораката на Бесар Дурмиши, претседателот на тетовскиот огранокот на Беса, од коалицијата Вреди, едновремено и министер за економија и труд, што им ја упати на челниците и функционерите на ДУИ и СДСМ преку својот фејсбук-профил.
Во објавата преку општествената мрежа натаму Дурмиши истакнува: Навечер ставаат натписи на табли на странски јазици, божем албанскиот јазик го нема, и преку ден се појавуваат, за да глумат патриоти. Албанскиот јазик не е отстранет ниту за еден момент, но ДУИ прави мрачна пропаганда, за да создаде забуна во јавното мислење.
Граѓаните знаат која е ДУИ и кои се валканите игри, што ги игра. ДУИ е срамот на Албанците. Нивното време заврши, Се обидуваат да го пренасочат вниманието на јавноста, но нивното време заврши!






