Македонската Национална опера и балет вчера ја изведе оперската претстава „Набуко“ од Џузепе Верди во Софиската национална опера и балет. Како што информираат од Министерството за култура, претставата била поздравена со силни аплаузи. Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој ја проследил претставата заедно со неговиот бугарски колега, Најден Тодоров, упатил честитки за македонскиот ансамбл и изразил задоволство од соработката помеѓу двете држави.

Националната опера и балет имаше исклучително претставување пред софиската публика со изведбата на операта „Набуко“ од Џузепе Верди синоќа на сцената на Националната опера и балет во Софија, Бугарија. Аплаузи на отворена сцена, овации по завршувањето на оперската претстава добија учесниците од ансамблот на нашата Опера. Големо медиумско внимание во бугарските медиуми доби овој настан. Ова е возвратна посета на нашата Опера по гостувањето пролетта на Софиската опера. На изведбата присуствуваа и претседателката Гордана Силјановска-Давкова, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и други претставници на политичкиот врв.
Културата е делот каде што се надминуваат сите проблеми, затоа ние ќе продолжиме да ја развиваме соработката во културата и во туризмот, сектори кои може да донесат и економски придобивки за двете земји, посочил тој, пренесуваат од министерството.

Изведбата ја проследија и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Претставата „Набуко“ беше изведена под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, со Марјан Јовановски во главната улога. Со ова гостување, официјално беше отворена новата сезона на Софиската опера. Следната изведба на „Набуко“ е закажана за 21 септември во Скопје






