Радев пред средбата со Давкова: Р*М да ги исполни обврските кон нас и ЕУ! – Мицкоски: Ќе се бориме за нашите интереси!

Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со * Македонија. Очекувам овој дијалог да придонесе кон нашето културно зближување, но и да ја поттикне економската соработка. Очекуваме * Македонија да ги исполни сите свои обврски и кон нас и кон Европската Унија.“ – изјави претседателот на Бугарија Румен Радев пред средбата со претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, која е во посета на Бугарија. Инаку, оваа седмица, спроти оваа средба, премиерот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски предупреди: „Нашата цел е да градиме добрососедски односи и така и ќе продолжиме. Имаме наши позиции во однос на нашите интереси. Ќе се бориме за нашите интереси како држава. Во Бугарија ќе се случуваат нови предвремени парламентарни избори, седми по ред во последните три години. Да почекаме да се случи таму политичка Влада, за да видиме дали постои желба за дијалог.“



Во својата изјава пред посетата на претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, бугарскиот претседател Радев изнесе тврдење дека, наводно, ,Владата на * Македонија сè уште не ја напуштила изборната реторика“. „Потребно е да се вратиме во реалноста, Нашите односи ќе зависат од склучените договори.“ – дополни Радев.

Тој нагласи дека „ангажманот на раководството на * Македонија во врска со Коридорот 8 ќе биде јасен показател за вистинските европски амбиции на * Македонија и за поголема поврзаност во регионот“. „Очекувам дека изразената желба за дијалог и разбирање од претседателката Сиљановска-Давкова ќе остане како доследна политика на владата на * Македонија. Ние строго ќе го следиме протоколот. Време е и за мојата официјална посета на * Македонија.“ – посочи Радев.