Ако западните земји и дозволат на Украина да го користи нивното софистицирано оружје од долг дострел во внатрешноста на Русија, тоа ќе значи нивно директно учество во конфликтот, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Директното учество на западните земји во конфликтот во Украина ја менува суштината на војната и Русија ќе биде принудена да носи одлуки врз основа на вака создадените закани, изјави додаде рускиот претседател претседател.
„Ова ќе значи дека земјите од НАТО, САД и европските земји се во војна со Русија. И ако тоа се случи, тогаш, имајќи ја предвид променетата природа на конфликтот, ќе донесеме соодветни одлуки врз основа на заканите што ќе се создадат“, рече Путин, пренесуваат медиумите во регионот.
Претходно, светските медиуми објавија дека американскиот претседател Џозеф Бајден е под голем притисок од републиканците и демократите да ги олесни ограничувањата за тоа како Украина може да го користи оружјето што САД им го дале во војната против Русија.





