„Засега не е поднесено обвинение за какво било кривично дело против Д.П.(33) и Д.В.(42), кои на 10 септември во општина Врапчиште стоеле со железни шипки во просториите на општината и го нарушиле јавниот ред и мир, според СВР Тетово.“ – објави ТВ 21 во својата информација со наслов „Инцидентот во Врапчиште – уапсените ослободени, претседателот на општината повикува случајот да се преквалификува“.
Натаму ТВ 21 пишува: „Тие го нарушиле јавниот ред и мир во општинскиот објект и не ги почитувале наредбите на полициските службеници, што е казниво согласно со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Во врска со ова против нив ќе има соодветни поднесоци. За другите настани, поврзани со црквата ‘Света Петка’ обратете се до Основното јавно обвинителство во Гостивар.“ – велат од СВР Тетово.
Претседателот на општина Врапчиште Исен Шабани вели дека не е праведно непокренувањето кривична постапка. Тој бара државата да покрене постапка за извршени терористички дела“, бидејќи, според него, напаѓачите под закана со шипки ги држеле општинските службеници во затворен простор. „Упатувам повик до полицијата и обвинителството да го преквалификуваат овој случај. Ако сторителите се покајат пред органите на правдата, тогаш да им се прости и да не бидат казнети.“ – изјави Исени.
Инаку, на прес-конференција завчера првиот човек на локалната самоуправа во Врапчиште Исени веќе изнесе тврдење дека „криминалната група, составена од луѓе од соседните општини, изврши терористички напад врз општината, со цел да предизвика проблеми и напнатост околу реконструкцијата и уредувањето на дворот на црквата Св. Петка во селото Галате.“
Home Македонија Исени бара да се гонат како „криминалци-терористи“ сторителите на инцидентот во Врапчиште...






