„Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, во изјава за Гласот на Америка нагласи дека поранешниот премиер Никола Груевски во минатото му имаше воспоставено мораториум на Али Ахмети за албанските етнички прашања. Според него, оваа ситуација не е иста со сегашниот премиер Мицкоски.“ – пренесе ТВ Алсат.
ТВ Алсат ја цитираше изјавата, што ја даде Изет Меџити во овој контекст: „Ова не е мораториум во стилот на Груевски, којшто му наметна услов на Али Ахмети за албанските етнички прашања,со кого владееше 11 години. Во овој поглед сегашниот премиер Мицкоски е поразумен уште од почетокот, а ние го одбележавме свечено и Охридскиот договор. Реализиравме и други активности заедно со Мицкоски. Ако направиме споредба, Груевски не учествуваше во минатото, целосно игнорирајќи ги Албанците“, рече Меџити.






