ПресингТВ по бугарските коментари за Сиљановска: Колку ниско!

Во кратка анализа на пишувањето на бугарската агенција БГНЕС порталот ПресингТВ анализира зошто во Софија ,,на нож” го дочекаа одењето на претседателката Гордана Сиљановска Давкова на опера во изведба на Македонската Опера и балет.



,Во крајно тенденциозен текст на БГНЕС, бугарскиот медиум ја критикува посетата на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова на Софија за да присустува на операта „Набуко“ на Македонската опера опера и балет”, пишува порталот чудејќи што на Бугарите им пречи што македонската претседателка е културна и оди на еден вид културна дипломатија.

,,За источните соседи тоа е неразбирливо.
Според БГНЕС, Македонија, поточно нејзината претседателка сака да испадне фина и културна пред очите на ЕУ. Колку ниско.
Дури и велат дека ова не била официјална посета и оти не била поканета од страна на нејзниот бугарски колега Румен Радев. Никој не вели дека ова е официјална посета. Зарем е забрането претседателката да оди во Софија и да гледа опера”, прашува ПресингТВ со коментар дека Ќе дојде време и за официјална посета кога во Софија ќе има европски претседатели и влади, а не како сегашните кои се заглавени во минатото.

,,Во секој случај ова е победа на гости на македонската претседателка и лекција како треба да се однесува еден шеф на држава”, заклучува авторот на текстот.