Денеска се огласија со свое соопштение и „објаснувачки став“ поранешни членови на македонскиот дел на Историската комисија дека таа „Историска комисија со Бугарија била злоупотребена за партиски цели и интереси во двете земји“. По овој „објаснувачки став“ на „поранешните членови на комисијата“, кои не се ниту наведени кои се по име и презиме, се отвораат неколку прашања:
1.Дали тие сакале да ѝ „објаснат“ на македонската општествена и политичка јавност дека „не учествувале во ревизија на македонската историја“, или имале многу повеќе намера да ги нападнат Владата на Република Македонија и нејзиниот премиер Христијан Мицкоски, бидејќи им се ускратени можностите натаму да ѝ ја „продаваат“ македонската историја на официјална Софија, а за тоа (не)дело да земаат „дебели“ хонорари?!
2. Ќе се осмелат ли тие„поранешни членови“ на историската комисија, во прв ред досегашниот претседател и „девизен академик“ Драги Ѓорѓиев, кој седум години го водеше тимот, да одговорат на следното суштинско прашање: кој им даде ним право, заедно со нивните бугарски колеги, да усвојат некакви „препораки за заедничко чествување на Кирил и Методиј, Наум Охридски, Климент Охридски и Цар Самуил“, како и „пет препораки за измени во учебници во Македонија и во Бугарија“?Дали тие „препораки“ се во целосна спротивност со историската вистина и сите досегашни втемелени сознанија на македонската историска наука?
3. Дали Драги Ѓорѓиев и неговата „историска дружина“ учествуваа поправо во напорите на официјална Софија преку оваа Историска комисија да им ја сменат македонската национална свест кај учениците-Македонци со „прекројувањето“ на учебниците по историја, кои ќе требаа прво да бидат пратени во Софија заедно со наставните програми и да бидат дури потоа одобрени македонските учебници?!
4. Како можат Република Македонија и македонскиот народ да учествуваат во „заеднички чествувања“ за своите автентични историски настани и личности со Бугарија, која нема никаква заедничка врска, ниту допирна точка со сево ова?Не се ли токму таквите „заеднички чествувања“ протурање на „мала врата“ на бугарските ставови дека Македонците се „един народ“ со Бугарите, а македонскиот јазик е „регионална норма на бугарскиот јазик“?!
5. Каква тоа „мултиперспективност“ протураа Драги Ѓорѓиев и сменетите членови на македонската историска комисија: Гоце Делчев, Цар Самуил, Охридската Архиепископија биле ем македонски, ем бугарски!?






