Ракометарите на Еурофарм Пелистер го натераа големиот фаворит и домаќин Пари Сен Жермен буквално до самиот крај да стравува за трите бода и да слави само со 31:29 на стартот од сезоната во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак трпеливо ја топеше негативата од 25:17 по две третини од мечот во Париз, за во последните 19 секунди да влезе само со еден гол помалку од тимот на поранешниот тренер на Вардар и ексселектор на Македонија, Раул Гонзалес и да го принуди на тајмаут, по кој Холанѓанецот Стајнс стави точка на резултатот.
Само шестмина стрелци имаше составот на Бранислав Ангеловски во овој меч, но ја одржаа неизвеснсоат до последните секунди благодарејќи на расположениот Кузмановски со неговите 8 гола од 11 удари, Пешевски и Цехте завршија со 6/8, Манасков со 4/5, Тајник со 4/6 и Петровиќ со 1/2.
Но, нерешлива енигма за битолчани беше полскиот пивотмен Шипжак, кој погоди 11 пати од 13 обиди, а Гребиј ги реализира сите 5 удари кон голот.
Следен предизвик за пелистерци е германски Фиксе Берлин, кој ќе гостува во Битола на 18 септември од 20:45 часот.






