Мисли ли Азири од АА на Села дека Македонија била „албанска држава“ некогаш, штом ја напаѓа владата оти „ја деалбанизира сега“?!

Елми Азири, потпретседателот на Алијансата за Албанците на Зијадин Села, како дел од „Европскиот фронт“, на денешната прес-конференција изнесе тврдење дека „оваа влада работи на деалбанизација на државата“ и оти „тоа го докажуваат сите постапки во последно време“. „Досегашното дејствување на оваа влада докажува дека тие сакаат само деалбанизација на оваа држава, отстранување на Албанците од работа и на балансерот, се иницира отстранување и на албанскиот јазик, како и друго… Државата се хегемонизира.“ – кажа Азири. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.



Натаму „Алмакос“ пишува: Елми Азири посочи и дека „оваа влада ги враќа повторно во расправа темите, кои поттикнуваат напнатост во општеството со помош на пратениците-Албанци од коалицијата Вреди“, кои, според него, не реагираат и не преземаат одговорност. „Законот за бранителите е овозможен благодарение на пратениците на Вреди, кои направија кворум и се вратија во салата, заради натамошната собраниска постапка. Да се ​​биде дел од мнозинството значи да се биде подготвен за преземање одговорност, но во денешниот случај пратениците-Албанци не беа подготвени да преземат одговорност.“ – рече Азири.

Сопартијците на Азири од Алијансата за Албанците на Зијадин Села денеска, на 11 септември 2024 година ги нападнаа во ист стил, покрај владата, и Арбен Таравари, лидерот на другото, ним спротивставено крило на АА, дека како министер за здравство со „поништувањето на конкурсот за вработувања тој го „остварува проектот на моноетничката Влада за деалбанизација на здравството“