Какво е тоа „албанизирано здравство“ за АА на Села, кога го напаѓа Таравари дека „спроведува мисија да го деалбанизира здравството“?!

„Со поништувањето на конкурсот за вработувања Таравари ја остварува својата мисија да го деалбанизира здравството!“ – тврди Алијансата за Албанците на Зијадин Села во своето соопштение, кое го пренесе ТВ Шења.



ТВ Шења пренесува: Алијансата за Албанците на Зијадин Села реагираше во врска со отпуштањето на Албанците од работа во здравството. Според нив, „нелегитимниот министер за здравство“, како што го нарекоа Арбен Таравари, е „главниот виновник што стотици Албанци во различни клиники и болници низ земјава денеска остануваат на улица и им се раскинуваат договорите за работа“.

Оттаму објаснуваат дека во времето кога Алијансата за Албанците била во Владата, нивните министри предложиле и спровеле решение за распишување на конкурсот за повеќе од 1.100 вработени во здравството, со кој се предвидувало вработените со договори да добијат решенија за трајно вработување. „Овој конкурс го реализираше поранешниот министер за здравство Илир Демири до последната фаза на тестирање и интервјуа. Откако дојде на чело на министерството, Таравари испрати мејл до сите институции да ја запрат постапката за спроведување на конкурсите. Веднаш почна со разрешување и смена на директори, за  да го реализира ова сценарио колку е можно полесно.“

Од Алијансата за Албанците на Села Села објаснуваат дека во дописот до здравствените установи Таравари навел оти ќе следуваат и други активности. „Единствена активност, која уследи, беше раскинувањето на договорите за вработените-Албанци и нивна замена со активисти на ВМРО ДПМНЕ и ЗНАМ.“ – тврди АА на Села.

Со оваа одлука, се вели во реакцијата на ова крило во Алијансата за Албанците, Таравари потврдил дека единствена мисија му е реализација на проектот на моноетничката Влада за деалбанизација на здравството