„Демократската унија за интеграција на средбата во вторникот со претседателите на општините, поранешните министри и секретари на партијата ја одредила агендата, според нив, за да се заштити легитимноста на албанскиот глас. Партијата на Али Ахмети се реши да му се спротивстави на мирен начин на кршењето на волјата на граѓаните. На средбата биле повикани и претставници на полициската структура, на која биле оценувани аргументите за и против таков чекор.“ – објави ТВ Алсат.
Натаму, ТВ Алсат пишува: Нема да има протести, туку средби со граѓани од Струга до Липково, во општините со раководи ДУИ, вклучително и ограноците на општините, каде што нема градоначалници како Тетово, Гостивар, Чаир и други општини. На овие состаноци нема да бидат вклучени членови на други партии во рамките на Европскиот фронт.
Се е уште нема официјален координатор за овие организирања, но оваа улога може да ѝ биде доделена на една од општините, раководена од ДУИ. На средбата се разговараше и за други прашања како што се коридорите 8 и 10, третиот мобилен оператор во земјава, пропаднатиот колектор во Кичево, дури и можноста за широка влада, или и надворешната политика, што ќе биде диктирана по изборите во САД.
Експоненти блиски до партијата на Ахмети и медиумите блиски до оваа партија имаа започнато да шират заканувачки информации за дестабилизирачки протести, барања за дводомен парламент, сеопфатна кампања за нелегитимност на една од партиите, што го сочинува мнозинството и тн. МВР изјави дека има индиции за дестабилизација, но засега нема конкретни активности.






