Собранието на Република Македонија денеска треба да го разгледа предлогот за измените и дополните во Законот за локална самоуправа, со кој се предвидува вршителите на должноста градоначалник во општините, каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните градоначалници да можат да ја извршуваат оваа функција до изборот на нов прв човек на општината. Односно до следните локални избори во октомври 2025 година.
За да се изгласа овој закон потребно е двотретинско мнозинство. Пратениците на ДУИ најавуваат дека ќе го поддржат законот. Пратеничката група на СДСМ се уште не се изјаснила како ќе гласа на седницата за овој закон.
По парламентарните избори во земјата и изборот за министри и пратеници вршители на должноста градоначалници се именувани во Аеродром, Гостивар и Сарај.
Home Македонија Денес Собранието ќе одлучува: ќе продолжат в.д. градоначалниците во Аеродром, Гостивар и...






