Со новиот ребаланс Владата на Република Македонија обезбеди 1 милијарда денари за исплата на К-15 за вработените во администрацијата. Со оваа одлука повеќе од 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К-15.
Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година. Со ова ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата.






