Како Бора Чорба се сретнал со Бора Џорџевиќ, детето без мајка и татко крстено по него поради песна на радио

Македонскиот дефектолог Сања Вукмировиќ Дениќ која сега работи во Србија се сеќава на човечноста на сега покојниот фронтменот на Рибља Чорба Бора Ѓорѓевиќ кого по смртта не може а да не го спомене по добро.



Вукмировиќ Дениќ раскажува како Бора Чорба се сретнал со штитеници на дом без родители во Белград меѓу кои бил и Бора Џорџевиќ, кој името го добил затоа што кога бил примен во домот на радио одела негова песна.

,,Во домот каде што работев имаше едно момче по име Боре Ѓорѓевиќ, социјалните работници го крстија по Бора Ѓорѓевиќ затоа што кога го донесоа, песната на Бора се слушаше на радио.

Кога пристигна во нашиот дом, гордо ми ја раскажа оваа приказна, го прашав, дали сакаш да го запознаеш?

И пишав на Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ, таа ми го даде неговиот телефонски број. Му се јавив. Ми рече донеси ги децата, ќе направам изненадување.

Така беше.

Разговараше со сите деца, ги покажа своите гитари што висат на ѕидовите.

Бора подготви специјални подароци!
Неколку месеци потоа имаа голем концерт во Арена, 40 години од постоењето на Рибља Чорба.

Се јави, тој лично, ќе ви пратам карти за сите деца од домот и придружниците, само кажете ми го бројот би сакал да ми бидат гости!

Отоидовме, беше фантастично!

Прекрасен Бора, прекрасен човек”, раскажува Вукмировиќ Дениќ за начинот на кој Бора Џорџевиќ се однесувал со децата без родители.

Во Македонија Бора Чорба се смета за контроверзен поради неговите изјави од деведесетите со кои ги оспоруваше Македонците но потоа тој често пати доаѓаше во Македонија и се извинуваше за своите зборови.