„Потребно е СДС да се реформира и да се откаже од криминалот, а потоа да го прифати она, што премиерот Христијан Мицкоски го понуди како платформа на обединување.“ – порача владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ.
Натаму, ВМРО ДПМНЕ укажува: Ова се принципите за обединување:
1. Правда и правна држава
2. Стоп за партизацијата на општеството
3. Крај на етничките судири и мегаломанските барања, зад кои се кријат користољубивите интереси
4. Заштита и подобрување на стандардот на граѓаните
5. Праведно општество
6. Силно образование
7. Исполнување на стратегиската цел за членство во ЕУ
8. Национално и државно единство
9. Борба против иселувањето
10. Градење заеднички патриотизам
Со лицемерна и дволична политика, со истите и стари и потрошени кадри не се гради единство. Треба СДС да се исчисти од криминалот и да ги прифати овие принципи за заедништво.






