„Атина и Белград ја поддржуваат Македонија, бидејќи така го спречуваат обединувањето на Албанците!? Затоа се необјасниви интересот и ангажирањето на Приштина и Тирана за стабилна Македонија!“ – наведува публицистот и писател Ким Мехмети во објавата на својот фејсбук-профил, која ја пренесува информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Мехмети пишува: Грците речиси и не криеја дека ја поддржуваат независноста на Македонија, само затоа што така го спречуваат обединувањето на Албанците! Нешто слично може да се каже и за Белград, кој ја има Македонија како важна политичка филијала-подружница во борбата против природниот непријател на Српскиот свет – албанството.
Според ова, интересот и ангажирањето на Приштина и Тирана за стабилна Македонија изгледаат необјасниви.
Понекогаш е смешна посветеноста на албанските партии за повеќеетничка Македонија, во која противалбанските кругови веруваат дека колку повеќе слабеат политички и економски овдешните Албанци, толку повеќе се зајакнува нивното етничко и државно ткиво.
Следењето на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ од Агенцијата за разузнавање влегува во институциите






