Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски на Свечената академија по повод 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија објави две големи цели и 10 принципи кои треба да ја претворат земјата во успешна и функционална држава.
Двете големи цели се поврзани со психолошки категории присутни кај македонските граѓани како и со криминалот и корупцијата.
„Како нација имаме 2️⃣ големи цели:
▪️Првата мораме да го победиме разочарувањето кај секој еден човек кој е напластено од сите претходни порази и неуспеси.
▪️Втората е уште поголема цел, а тоа е да го сузбиеме криминалот и корупцијата метастазирана во сите делови од општеството”, порача премиерот сублимирајќи го двата главни проблеми во македонското општество.
Мицкоски објави и десет принципи кои, според него, се основа за создавање на единство и сплотеност во општеството:
1 Правна држава: Воспоставување на правна држава и ставање крај на партизацијата на институциите.
2 Прекин на партизацијата: Ставање крај на политичките влијанија во општествените институции.
3 Против етнички конфликти: Изолација на факторите кои создаваат меѓуетнички поделби, фокусирање на решавање на проблеми како недостатокот на вода во Липково и Тетово.
4 Економски напредок: Подобрување на економијата и зголемување на животниот стандард на граѓаните, што ќе помогне во создавање на трајно единство.
5 Праведно општество и квалитетно образование: Создавање на праведно општество преку реформи во образованието, со обезбедување еднакви можности за сите.
6 Засилување на јавните услуги: Подобрување на јавните услуги за сите граѓани, што ќе ја зголеми довербата во институциите.
7 Членство во Европската Унија: Остварување на стратешката цел за членство во ЕУ, но без правење отстапки по секоја цена.
8 Борба против иселувањето: Намалување на иселувањето на младите и создавање услови за нивно останување во државата.
9 Борба против корупцијата и криминалот: Решителна борба против корупцијата која е длабоко вкоренета во општеството.
10 Единство и обединување на сите етнички заедници: Зачувување на патриотизмот и единството меѓу сите етнички заедници во заедничката борба за иднината на Македонија
Најчитани статии
Неодговорен овчар ставил во тешка опасност десетици македонски граѓани (ВИДЕО)





