Маратонката од Уганда, Ребека Чептегеи (33) почина во четвртокот од изгореници, откако неколку дена претходно, додека била дома со двете ќерки, поранешниот партнер ја полил со бензин и ја запалил.
“Бев дома и слушнав како луѓето викаат ‘оган’. Кога излегов ја видов Ребека како трча кон мојата куќа запалена. Таа викаше за помош”, изјави расплакана за Би-би-си Агнес Барабара, нејзина соседка.
„Отидов да земам вода и почнав да викам за помош, но тогаш дојде напаѓачот и ја поли со уште повеќе бензин. Но, потоа и тој се изгоре и истрча кон градината. После тоа отидовме да и помогнеме на Ребека. Никогаш не сум видел некој жив изгорен … Ребека беше многу добра сосетка, таа неодамна ја подели со мене пченката што ја собра.
Полицијата смртта на Ребека ја третира како убиство, а главен осомничен е нејзиниот поранешен партнер.
Наводно, двајцата се скарале за мало парче земја.
Против напаѓачот ќе биде поднесена кривична пријава откако ќе биде пуштен од болница, каде што се опоравува од повредите здобиени за време на инцидентот.
Ребека Чептегеи е родена на кениската страна на границата меѓу Кенија и Уганда, но избра да ја претставува Уганда за да ги оствари своите соништа во атлетиката.
Годинава таа се натпреваруваше на Олимписките игри во Париз. Иако на маратонот заврши на 44. место, луѓето во нејзиниот роден град ја нарекоа шампионка.
Живеела во Чепкум, село во Кенија кое е на околу 25 километри од границата со Уганда. Индекс.хр






