Унгарскиот премиер смета дека не е во интерес на Европската унија да се придржува до позицијата на Украина, која се повеќе ги вовлекува европските земји во конфликтот.
„Ја критикувам европската политика затоа што, наместо да ги следиме нашите интереси, ние целосно се придржуваме до украинските позиции, а тоа не вовлекува сè подлабоко во конфликтот. Ова не е добро за Европа, напротив – многу е штетно – изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за весникот „Кориере дела сера“.
Според него, во интерес на Европа е да се стави крај на конфликтот, но ЕУ станува една од страните во конфликтот.
– Ова не е наша војна – рече премиерот, пренесе 4News.
Toj ги отфрли тврдењата дека Русија претставува закана за безбедноста на Европа.
„Нашата безбедност не е загрозена. Ако Европа одлучила да стане страна во тој конфликт, тогаш Унгарија не се придржува до тој став“ – рече Орбан.





