Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој во текот на денот беше на состанокот на украинските сојузници во Рамштајн формат и се сретна со канцеларот Шолц, веќе е во Италија на меѓународниот форум „Амбросети“.



Таму рече дека жали што Украина не може да го погоди Кремљ.

„Штета што не можеме да го направиме тоа… Бидејќи оружјето со долг дострел што го имаат нашите партнери може да достигне само 200 километри“, истакна Зеленски, цитиран од УНИАН.

Тој додаде дека руските авиони ја напаѓаат Украина од воените аеродроми на оддалеченост од 100 до 300 километри од границата, па на Киев му треба оружје со долг дострел.

„Ќе ја вратиме оваа војна во Русија за Путин да го почувствува притисокот и да посака само мир“, рече Зеленски.

„Ни треба ова оружје против воените аеродроми, Украина не цели на цивилни објекти“, увери претседателот.

„Ќе им покажам на Г7 и на Бајден што треба да се направи за да се изврши притисок врз Путин и да се стави крај на војната“, рече Зеленски.

„Путин бара проектили низ целиот свет за да убива украински деца, ние бараме противвоздушна одбрана.

Тој уште додаде дека територијално, војната е се води во Украина, но целиот свет страда“.