Пропадна обидот на пратениците на Европскиот фронт да го протуркаат Законот за коцкање.
Предлогот беше отфрлен откако пратениците на Правно-законодавно-правната комисија со 9 гласа за и 2 против гласаа дека овој закон е неприфатлив и дека не треба да оди во понатамошна постапка.
Илире Даути, една од предлагачите на овој закон рече дека со предложениот текст се регулира каде и на кои места може да има обложување.
Според неа предлогот предвидувал сопствениците на коцкарските објекти да плаќаат за секое поставување на името и рекламните панели. Додаде дека најверојатно не е посакувано да се регулира оваа тема бидејќи самата држава добива многу пари.
Од Владата претходно најавија дека ќе донесат нов закон за коцкање кој, како што посочија, ќе биде многу построг, со што постепено ќе се реши проблемот со проширување на коцкарскиот бизнис…






