Данска ја замени Шведска од првото место во рангирањето на земјите кои се најдобро место за живеење во светот, според рејтингот изготвен за 2018 на US News & World Report.
Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, медиумската организација интервјуираше 9.000 жени како дел од пошироката студија за да утврди која од 80-те земји во светот е најпогодна за живот на жените.
Анкетатата опфати и 21.000 бизнис лидери, луѓе од елитата и просечните граѓани, за да се открие како овие 80 земји се рангираат според група индикатори – од економски до државјанство и квалитет на живот.
Најдобрите земји за жени добиваат оценка до 10 според, почитување на човековите права, родовата еднаквост, еднаквост во приходите, напредокот и безбедноста.
Од земјите од Источна Европа, на најадобро место за живеење на жените е Полска со високото 21 место.
На 20 место е Португалија
19 Италија
18 Шпанија
17 Јапонија
16 САД
15 Ирска
14 Франција
13 Обединето Кралство
12-то место го држи Австрија
11 Луксембург
10 Германија
9 Нов Зеланд
8 Австралија 7
Швајцарија
6 Канада
5 Финска
4 Холандија
3 Норвешка
2 Шведска
Данска е 1 место со максимално добиени бодови
Македонија не е меѓу 80-те опфатени со анкетата. Но според минатогодишната ранг листа на земји според почитувањето на еднаквоста на половите на World Economic Forum, Македонија е рангирана на 67 место веднаш по Босна и Херцеговина и пред – Танзанија?!





