„Журнал“: Промената во законот за јазиците ќе биде напад врз албанскиот државотворен народ во земјата!

„Законот за јазиците им служи на сите други заедници во земјата, освен на Македонците, чиј јазик е прв службен јазик во земјата. Оттука, расправата за промена во законот за јазици е напад врз сите други заедници во земјата, од кои дел се и Албанците како државотворен народ. Законот за јазиците не му наштетил никому и не предизвикал ниедна последица. Затоа нема никакво оправдување за инсистирањето на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски. Единствената промена, која треба да се направи со законот за јазици, е во неговото почитување и точно и целосно спроведување.“ – изнесува информативната агенција на албански јазик „Журнал“ во својата редакциска анализа со наслов „Што се настојува да се направи со законот за јазиците?“.



Натаму, покрај другото, „Журнал“ пишува: Законот за јазиците не треба да се гиба. Единствената многу потребна промена е да се отстрани формулацијата „20 проценти“ во врска со албанскиот јазик од Уставот. Ова навредливо ограничување ја оптоварува меѓуетничката хармонија во земјата: не се дефинира народ со проценти, уште помалку Албанците, кои и во последниот попис со многуте дилеми околу неговата правилност испаднаа со 29 проценти во составот на населението.Затоа не се знае кој се опишува со дефиницијата „20 проценти“.

Не треба да се предизвикува заострување во односите, туку да се постигне усогласување во ставовите и државотворниот народ, Албанците да не се чувствуваат исклучени, идентификувајќи се со проценти. Албанскиот јазик не претставува никаква опасност за земјата. Напротив, опасни се за земјата токму оние луѓе, кои го сметаат албанскиот јазик како опасен и кои ги искажуваат своите дискриминаторски и угнетувачки ставови. Тие не можат воопшто да се соочат со рамноправноста и правичното третирање.

Законот за употреба на јазиците не треба да се менува туку само да се спроведува

Законот за употреба на јазиците го огнорираат дури и општините, каде што Албанците живеат и учествуваат со повеќе од 20 проценти во населението. Градоначалникот на Газибаба Бобан Стефковски го крши  овој закон, го гази со двете нозе, а за ова нема реакција од институциите, што се одговорни и кои имаат казнени механизми. Ова мора да престане, бидејќи употребата на албанскиот јазик е уредена со закон и тој мора да се применува еднаш засекогаш. За неспроведувањето се предвидени и казни. Ова е точно предвидено во законот за употреба на јазиците.

Во членот 1 од овој закон се вели: На целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Членот 2 гласи: друг јазик, што го зборуваат најмалку проценти од граѓаните (албански јазик), исто така е службен јазик со неговото писмо, во согласност со овој закон.

За спроведување на законот за јазиците е потребна и помош од граѓаните, кои каде и да се на локално ниво или во локалните и централните банки, треба да пријават можни прекршувања околу неспроведувањето на овој закон. Потоа Инспекторатот за спроведување на јазиците мора да си ја врши својата работа како што е потребно.