За бугарски преродбеник Рилскиот манастир се наоѓа на македонска а не на бугарска територија

Бугарски преродбеник од македонско потекло сметал дека Рилскиот манастир се наоѓа на македонска а не на бугарска територија.



Неофит Рилски (граѓанско име Никола Поп Петров Бенин) — македонски преродбеник, кого бугарската наука го смета за еден од најистакнатите бугарски преродбеници со потекло од Пиринска Македонија, монах, педагог и научник тврдел дека Рилскиот манастир кој се наоѓа во близина на Благоевград бил на Македонска територија а не на бугарска земја.

Ова го открива партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин од каде во објава за ,,МАКЕДОНСКИ ГЛАГОЛСКИ ЛИСТОВИ” говорат за бугарските манипулации во кои се зборува за Рилски глаголски листови, само за да се одбегне нивното оригинално име.

,,Рилските глаголски листови се глаголски ракопис кој се состои од осум фрагментирани листови пергамент и уште три фрагменти, кои биле дел од црковнословенска книга од 10ти век.

Првите два фрагменти биле откриени во Рилскиот манастир во 1845 година од рускиот историчар Виктор Григорович. Денес тие се чуваат во библиотеката на Руската академија на науките во Санкт Петербург.
Подобро зачуваниот дел од ракописот бил објавен во 1909 година под името “Македонски глаголски лист” од рускиот историчар Григориј Иљински”, стои во објавата на ОМО Илинден Пирин.

Уште три листови биле откриени во Рилскиот манастир од чешкиот историчар Константин Јиречек во 1880.

Во 1936, Јордан Иванов пронашол дополнителни фрагменти. Наодите на Јиречек и Јорданов сѐ уште се чуваат во Рилскиот манастир.

Во постара објава за Рилскиот Манастир, Неофит Рилски запишал дека тој не е на бугарска територија, туку на македонска.

За тврдењето на Неофит Рилски во линкот

https://www.facebook.com/OMOIlindenPirin1998/posts/pfbid02auJxfLTu4B6DMuAW85azPYdhCw6YtWmmZgJtFFJHVt53RfzD7E4YF4fa6P13GKp7l

Најчитани статии

Филипче не смеел да објавува лични податоци од пациентка која ја лекува (ФОТО)