„Само за дизел-гориво 80 илјади евра за една година потрошил Блерим Беџети, поранешниот градоначалник на Сарај. Во другите општини трошоците за нафта не надминуваат 20 илјади евра годишно, покажуваат податоците на Бирото за јавни набавки.“ – објави информативниот портал „Фол“ во својата вест со наслов „Општина Сарај со енормен трошок за нафта: 80 илјади евра за една година“. Инаку, Блерим Беџети е и организациски секретар на Демократската унија за интеграција, чии функционери се вмешани во серија тешки корупциски скандали и криминални активности, кои стануваат се повеќе цел на истраги и кривични постапки на обвинителството и другите институции и органи на кривичниот прогон.
Во веста „Фол“ дополнува: Блерим Беџети потрошил 80 илјади евра само за дизел-горивото, а за сервисирање и гуми уште 23 илјади евра, според Бирото за јавни набавки.






