ФОТО: Страшниот пожар кај Мариово во линија долга над 20км

Пожарникарите од Прилеп, Битола, Новаци, Могила, Kaвадарци и Ресен денеска имаат и поддршка од 70 припадници на Армијата, од 20 припадници на специјалните единици на МВР, како и од триесет вработени во Национални шуми. Вкупно, 195 лица професионалци ќе бидат ангажирани на терен. Пожарот кај Мариово беснееше дека ноќ. Од петни жили пожарникарите се бореа со пламените јазици.



Главната борба вчера со огнот била да се заштитат неколку села од пламентите јазици кои брзо се движеле кон куќите, а борбата рано изутринава ќе продолжи и од земја и со ангажман на воздухоплови за гаснење на огнот.

Како што соопшти Ангелов, на пожарникарите од Прилеп на помош им пристигнале и пожарникари од Битола и од други соседни општини и со заеднички сили на професионалните пожарникари се успеало да се одбранат селата. Борбата да се одбранат селата Бонче, Крушевица, Дуње, Пештани и Кален продолжува, а надежите да се локализира овој пожар кој беснее од неделата, се во воздухопловните сили.