Закани на Раими: Нема да има мир и Албанците ќе се организираат во паралелен систем во Р*М, ако се укине албанскиот јазик!

„Македонски шовинистички структури во Судот што повикува на кревање војна се стремат да го укинат Законот за албанскиот јазик во Р*М, поради кој УЧК ја водеше војната во 2001 година! Сите овие деструктивни елементи треба да знаат дека не може да има мирна Македонија без рамноправноста на Албанците, кои живеат во неа! Таквите националистички провокации создаваат судири, кои го загрозуваат постоењето на народите и државите. Ако се загрози службената употреба на албанскиот јазик во Македонија и ако продолжи овој јазичен шовинизам кон Албанците, тогаш тие можат да се организираат самите за одбрана на својот мајчин јазик и да направат паралелен систем во заедничката држава!“ – со овие жестоки закани со воинствен призвук се огласи д-р Сунај Раими, професор по социологија во Тетовскиот универзитет, Универзитетот „Мајка Tереза“ и Штуловиот универзитет во Тетово во својата колумна со наслов „Стоп за пропаѓањето на албанскиот јазик во * Македонија!“ која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.



Раими пишува: Деновиве во медиумите слушаме како некои македонски шовинистички структури во Судот што повикува на кревање војна (албански израз со игра на зборови, што го користи колумнистот наместо терминот Уставен суд – заб.прев.) се стремат да го укинат Законот за албанскиот јазик во Р*М! Да ја поништат главната кауза, за која се водеше војната во 2001 година, за која се пролеа толку крв и загинаа толку многу маченици на албанскиот народ од УЧК! Сега е време сите албански политички партии во Македонија да реагираат жестоко, ставајќи им до знаење на сите овие деструктивни елементи дека не може да има мирна Македонија без рамноправноста на Албанците, кои живеат во неа!

Во врска со ова загрозување на јазичниот идентитет на Албанците во Р*М властите на Косово и Албанија мора да да ги алармираат меѓународните мисии, за да преземат мерки за одбегнување на овие опасни игри со непредвидливи последици! Бидејќи во разулавениот Балкан таквите националистички провокации често создаваа судири, кои го загрозуваа постоењето на народите и државите.

Нека ја прекинат војната со политичките инаетења нашите политичари и од власта и од опозицијата и нека се обединат во одбрана на светоста на татковината – мајчиниот јазик! Нека бидат мажи тие политичари и нека им испратат сериозни пораки на македонските власти дека Албанците можат да се организираат во пралелен систем во заедничката држава, ако продолжи овој јазичен шовинизам кон нив!

Албанската политичка каста во Македонија мора да се ангажира едногласно за безусловна заштита на сите права на Албанците, бидејќи има морална обврска кон граѓаните, кои ја избрале! Во спротивно, ако не го направи таа политичка каста ова сега, ќе ја загрози службената употреба на албанскиот јазик во Македонија и тогаш граѓаните можат да се организираат самите за одбрана на мајчиниот јазик.

Негирањето и намалувањето употребата на албанскиот јазик ни се случува со години, а нашите политичари ја играат улогата на ној. Затоа, нека се разбудат и нека дејствуваат како патриоти пред да стане доцна, бидејќи историјата проколнува за ова нешто! Во ваквите случаи политичките партии можат да го изгубат народниот легитимитет и да исчезнат засрамени од срам, бидејќи не ја извршиле својата функција, за која се создадени.