Вицепремиерот Фетаи: Ќе се унапредуваат примената на законот за јазиците и двојазичноста во јавните и државните институции

„Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи денеска одржа координативна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазиците Гранит Османи, директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците Арсим Идризи, како и со заменик-секретарот на Владата Хасим Муртезани. На средбата се разговараше за напредокот во спроведувањето на законот за употреба на јазиците, со нагласка на унапредувањето на двојазичноста во јавните институции, како и на постојаната меѓуинституционална координација во нудењето поддршка на државните институции во остварувањето на јазичните права на граѓаните.“објави весникот на албански јазик „Лајм“. Инаку, оваа координативна средба е одржана во очекување на расправата во Уставниот суд на Република Македонија, заради разгледување на законот за спроведување на јазиците, поврзано и со соодветното мислење на правните експерти од меѓународната Венециска комисија за тој закон.



„Лајм“ ја пренесува објавата на вицепремиерот Фетаи на неговиот фејсбук-профил во овој контекст: „Денеска ги пречекав директорот на Агенцијата за примена на јазиците Гранит Османи, директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците Арсим Идризи и заменик-секретарот на Владата Хасим Муртезани на оваа координативна средба. Разговаравме за напредокот во спроведувањето на законот за употреба на јазиците, со нагласка на унапредувањето на двојазичноста во јавните институции. Бевме информирани од Гранит Османи за напредокот, постигнат во рамки на истражувањето, што го води Агенцијата за примена на јазиците со поддршка од ОБСЕ, за да се процени степенот на примена на законот за употреба на јазиците. Ова истражување, кое се очекува да биде објавено најдоцна до декември, ќе биде важен водич за насочувањето на јавните политики во најправедното спроведување на споменатиот закон. Се договоривме за постојана меѓуинституционална координација во нудењето поддршка на државните институции во остварувањето на јазичните права на граѓаните.“